Партиски реакции и препукувања на релација власт опозиција. Од ВМРО – ДПМНЕ и денеска обвинуваат дека ДУИ сака да ја дестабилизира државата за да не одговараат за криминалот кој го правеле додека биле на власт.
– ДУИ не може да се помири со тоа што не се повеќе власт и тоа што нивните блиски повеќе неможе да вртат милионски бизниси на грбот на државата. ДУИ не работеше за Албанците, ниту за Македонците, ДУИ работеше за една тесна клика која очигледно им ја има киднапирано партијата, се вели во партиското соопштение.
Одговор стигна од опозициската ДУИ. Од партијата прашуваат кој се плаши од меѓународно мониториран ветинг?
Од таму додаваат дека стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија.
– Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата. Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Овој процес треба да биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правда и доверливост, стои во партиското соопштение.