Вести Македонија Топ вести

Оган на 100 метри од првите куќи – два нови пожара, гори кај Негорци и Градманци

Два нови пожара избувнаа попладнево на отворено, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Првиот е на територија на Општина Петровец, во атарот на с. Градманци, а се движи во насока на с. Катлановска Брезница. Вториот е на територија на Општина Гевгелија, во атарот на с. Негорци каде што огнот се приближи на 50 до 100 метри до првите куќи. Поради загрозеност на луѓе и куќи таму итно е пренасочен еден армиски хеликоптер.

ЦУК претходно соопшти дека до 13 часот денеска, евидентирани се вкупно 16 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, шест се под контрола, три изгаснати.

Активни се пожарите во општините Македонски Брод – еден кај селата Тажево и Брезница – крак кон „Јасен“, втор кај селото Слатина, Охрид – на територија на Галичица, Чашка – кај селата Папрадиште и Ореше, Петровец – кај село Градманци. Потоа, пожарот на територија на општините Демир Хисар и Охрид – Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. Активен е и пожарот во регионот на општините Богданци и Дојран, кај селото Фурка.

Под контрола се шест пожари во општините Делчево, Охрид, Пласница, Пробиштип, Студеничани и Зелениково.

Изгаснати се три пожари. Еден на територија на општина Валандово – кај селото Пирава, два во гостиварскиот регион – кај населбата Питарница и село Градец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Војната во Украина удри и врз македонската индустрија

Дејан Дејан

Нема ново ветување за Киев по разговорите Стармер – Бајден

Дејан Дејан

Намалување на царинските стапки за одредени производи, а не удар врз компаниите преку маржите сметаат трговците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе