Вести Македонија Топ вести

Обезбедени се средства за плати, за пензии, за набавка на опрема – министерката Димитриеска Кочоска по усвојување на дополнетиот ребаланс на буџетот

Обезбедени се средства за исплата и за зголемување на платите во јавната администрација до крајот на годинава, согласно сите потпишани колективни договори, рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Се што е потпишан колективен договор, се е предвидено. Друго е кои се очекувањата, но ние сега обезбедивме средства за се што беше согласно закон, а во исто време имаше и еден куп доспеани обврски. Парцијално беа носени колективни договори и сега има неправеднопст меѓу слични институции во однос на платите. Но, ние правиме напори да направиме праведен систем за сите, а не парцијално да ги решаваме проблемите“, рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференција.

Образложувајќи го дополнетиот ребаланс што го усвои Владата, таа истакна дека се проектирани преку 4,1 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за пензии, 800 милиони денари за корисниците на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштитра, една милијарда за ТИРЗ, 1,7 милијарди за субвенции во земјоделство, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за стипендии, како и шест милијарди денари за проекти во општините.

Со дополнувањето на ребалансот кое ќе биде доставено на усвојување во Собранието, се обезедени дополнителни средства за повеќе институции: Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, МАНУ, итн.

„Се обезбедуваат средства за исплата на плати, како и за набавка на опрема. Меѓу другото во Државната изборна комисија се дополни износ од 350 милиони денари, 147 милиони денари за набавка на опрема во Инспекциски совет, 60 милиони денари во МВР за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони денари се наменети за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138.000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител“, информира министерката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регулаторна добила убедување од ЕСМ дека наскоро ќе завршат работите на новиот топловод под мостот Беласица

Дејан Дејан

Раст на криминалните банди во Данска, регрутираат членови преку социјалните медиуми

Дејан Дејан

Стотици занаетчии од полошкиот регион поради сивата економија мака мачат со егзистенцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе