Илјадници граѓани со знамиња во рацете денеска на Мечник камен го одбележуваат поставувањето на темелите на македонската држава.
Во екот на пожарите премиерот Мицкоски беше пречекан со запалени факели и поворката до бината се движеше нив облаците чад.
Тој заблагодарувајќи им се на пожарникарите за пожртвуваноста, упати критики до своите претходници дека водат политика со акциите за гаснење.
Мицкоски истакна- додека илинденците се бореа со оружје, а ние сега со ум ќе го зачуваме единството во оваа држава, но постојат субјекти кои работат против тоа.
Во однос на бугарските барања, рече дека е потребно достоинствено решение, но не по цена на македонскиот идентитет.
На Мечкин Камен беше Емилија Мисирлиевски.