Вести Македонија Топ вести

Двајца жители на Батинци обвинети за убиство, органите на прогонот трагаат по нив

Обвинителството отвори истрага за убиството во Батинци за кое се осомничени двајца жители на селото.

Тие на 1 јули со возило со странски таблици, во кое неовластено држеле три автоматски пушки, му пресекле пат на друг автомобил во кој имало двајца патници и почнале да пукаат кон нив, при што едниот го убиле, а на другиот му нанеле тешки повреди.

Осомничените во близина на селото Драчевица го запалиле нивниот автомобил и избегале.

Ти се во бегство и недостапни за органите на прогон.

Мотивите засега не се познати, но се шпекулира дека станува збор за крвна освета за случај од пред 15-тина години кога било убиено дете.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолчани на втор протест против изградба на Регионална депонија во Новаци

Дејан Дејан

22 годишно момче, втор пациент кој се лекува во странство, попладнево слета на скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани и директорката на ДПИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе