Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод празникот Илинден даде помилување на пет осудени лица, од кои две потполно, а три делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.
Како што соопштија од кабинетот на претседателката, петтемина осудени лица се помилувани во траење од два до четир месеци, коешто кај двајца од нив доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор.
Ова е прво помилување на осудени лица од страна на претседателката Сиљановска Давкова.