Вести Македонија Топ вести

20 предлози за заменици министри

Владата треба да се комплетира со заменици министри во 20 министерства. Ги предлага премиерот Мицкоски, кој верува дека подеднакво ќе придонесат за зацврстување на Владата и за подобрување на состојбите во државата. Опозицијата цени дека за еден месец новата власт покажала дека предизборно ги мамела граѓаните. Собраниската расправа треба да финишира со гласање на најмалку 61 пратеник.

Работа, посветеност и нова енергија. Ова се трите очекувања на премиерот Христијан Мицкоски од замениците министри, кои треба да им се придружат на министрите во враќањето на надежта кај граѓаните.

 Во оваа Влада се собрани расипани елементи од претходните власти и лица кои веќе имале можност да работат за народот, велат опозициските партии. Сметаат дека за овие 30 дена Мицкоски и министрите докажале дека  предизборните ветувања биле лажни.

И ДУИ верува дека „Вреди“ се откажала од предизборните ветувања, а владеачката коалиција очекува сите министри да водат борба со корупцијата.

20 министерства треба да добијат заменици министри. Економистката Елфет Исмаили од Пошти преминува во Одбрана. Во Внатрешни работи треба да дојде кинезиологот Астрит Исеини. Во Односи меѓу заедниците филозофот и екс министер Неждет Мустафа. Во Надворешни работи доаѓа новинарот Зоран Димитровски. Во Култура теологот Седат Сулејмани, а пратеничките Ане Лашкоска и Сафије Садики-Шаини преминуваат во министерствата за животна средина и за спорт.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Од ноќеска нови цени на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе