В.д. директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов денеска на прес конференција информираше дека ноќта на 19-ти јули тој со две други службени лица на Управата извршиле вонреден надзор во Затворот „Скопје“ во Шутка и притоа е констатирале дека 11 осуденици не биле во келиите.
Тој состојбата ја нарече хотел промаја.
Според него, затворските полицајци изјавиле дека затворениците се преместуваат со усна наредба на директорот Филип Андов – Сокол, за кого рече дека ќе побара да биде разрешен. Го обвини актуелниот директор на Шутка Андов дека според кажувања на затворските полицајци, затворениците велеле дека му давале пари на директорот и за возврат добивале привилегии.
Повика обвинителството да реагира и да истражи зошто затворениците не се во келии туку надвор од затворот.
На хартија се во Шутка, при контрола на Управата за санкции констатирано – 13 затвореници фалат