Континуирано високи температури, слаби врнежи стануваат нова реланост во која струмичките земјоделци мора да се адаптираат и да произведуваат. Агрономите велат дека мора да се прават дополнителни инвестиции во подоготвка на земјиштето за садење во такви услови, инаку приносите ќе бидат многу мали.
Наводнувањето е прироритет, но во струмичко е предизвик бидејќи водоснабдителните системи коишто се градени во поранешна Југославија самите земјоделци целосно ги уништија. Велков смета дека во иднина ќе биде задолжително да се изградат нови за да се наводнуваат сите земјоделски површини.
Експертите велат дека земјоделците мора да се едуцираат за начинот на производство и да се внимава при третманот на одредени култури, бидејќи ѓубрењето, прскањето против штетници предизвикуваат испуштање метан и азотни гасови кои се некои од најсериозните стакленички гасови. Според тоа, земјоделството е гранка која е силно изложена на влијанието на климатските промени, но и тоа влијае врз нив.
Сузана Мицева