Вести Свет

Компјутерскиот систем во светот „скршен“ поради „погрешно“ софтверско ажурирање

Грешката која настана при ажурирањето на безбедносниот софтвер на уредите кои го користат софтверот на „Windows“ и денеска причина за глобалниот пад во ИТ секторот. Експертите предупредуваат дека можеби ќе бидат потребни недели за засегнатите компјутерски системи целосно да се опорават.

Долги редици. Црни екранови. И фрустрирани патници ги преплавија најпрометните светски аеродтоми утрово… Авио компаниите ги предупредија своите корисници пред да тргнат да проверат дали има доцнења или откажување на летовите.

– Само што ни го откажаа летот, немаме начин како да го продолжиме патувањето, вели еден патник на аеродром циј лет утринава беше откажан

Банките, бизнисите и здравствени устави сите го почувствуваа влијанието од падот во ИТ безбедносниот систем. Болниците останаа отворени но се соочуваат со низа проблеми, бидејќи не можат да пристапат кон системот со податоци и историја на своите пациенти.

– Немаме пристап до лековите на пациентите. Нашиот компјутер е во прекин. Ние работиме со програмот „Epic“. „Epic“ сега самостојно се исклучува од компјутерите на Microsoft. Кога се обидуваме да го вклучиме, тој сам се исклучува, раскажува медецинската работничка Џеки.

Телефонските линии на итните служби се отворени но операторите мораа да интервенираа поединечно и да ги препраќаат до надлежните институции. Системите на службите за противпожарна заштита беа во прекин неколку часа но потоа повторно се вратени во функција.

– Бидејќи оперативниот систем може да е во нестабилна состојба, тој веројатно не може да се поврзе преку мрежата што значи дека во тој случај методот што ИТ лицето треба да го примени за да изврши поправки и ажурирања не е достапен. Затоа програмерот мора да влезе и да прави поправки и ажурирање и рачно да комуницира со компјутерот, објаснува Дејвид Норлин, референт за технологија.

Професорката Светлана Николоска од Факултетот за безбедност вели дека на ова не треба да се гледа како на нешто случајно и дека на глобално ниво сите безбедносни институции треба сега да ги отворат очите. Според неа најголеми последици може да се очекуваат во авиосообраќајот.

– Може да се преземе контрола на летање, може да се преземе контрола на авионите, може да се преземат податоците на компјутерските системи на авиокомпаниите, па од таму се земаат податоците за сите патници, тие податоци се пасошите, но и боевите на кредитни картички, тие кредитни картички се поврзуваат со финансиски институции, па можно е тие сајбер напади да бидат насочени кон финансиски институции, вели професорката од факултетот за безбедност, Светлана Николоска.

Ширината на прекините ја истакна кревкоста на дигитализираниот свет зависен од само неколку провајдери за клучните компјутерски услуги. Според информациите кои се достапни досега, проблемот е предизвикан од лоша надградба од компанијата за сајбер безбедност, со англиски назив „CrowdStrike“.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Од ноќеска нови цени на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе