Вести Свет

Вонредни мерки за вработените во Грција за заштита од топлотниот бран

Поради високите температури што се очекува да достигнат до 42 степени Целзиусови, надлежните Министерства воведоа вонредни мерки за заштита на вработените во државниот и приватниот сектор во Грција што важат од денеска до петок.

Мерките се однесуваат на деловите од земјата каде што температурата ќе биде над 40 степени, за државните службеници предвидена е работа од дома, особено за оние кои припаѓаат на ранливи категории, а истото важи и за конкретната категорија во приватниот сектор.

За оние кои работат на отворено планиран е прекин со работа во периодот од 12 до 17 часот, додека пак во случај да се прекрши конкретната мерка планирана е казна за компаниите во висина од 2.000 евра по вработен.

Според Националната метеоролошка служба до петок се очекуваат екстремно високи температури во Грција, а паралелно е голема е опасноста за пожари.

Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас, вчера, како што објави МИА, предупреди дека оваа седмица ќе биде исклучително тешка со суша, топлотен бран до 42 степени и силен северен ветер до седум Бофори, опасни за појава и брзо ширење на пожари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пеев во „Топ тема“: Филерите се медицински помагала, мали дози на ботулинов токсин може да доведе до парализа на одредена мускулна група

Дејан Дејан

Косовското Обвинителство започнува истрага заради техничките проблеми на сајтот на ЦИК

Дејан Дејан

Научници: Студените зими стануваат поретки поради глобалното затоплување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе