Вести Свет

Фицо: Влезот на Украина во НАТО може да доведе до директен конфликт меѓу Алијансата и Русија

Потенцијалниот влез на Украина во Северноатлантската алијанса може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

Ние постојано се придржуваме до еден од главните принципи на суверената словачка надворешна политика, според која членството на Украина во НАТО го загрозува мирот во целиот свет. Постојат воинствени земји од НАТО кои или воопшто не разбираат што би значело членството на Украина во Алијансата или, напротив, сакаат да предизвикаат директен конфликт меѓу НАТО и Русија, што би било почеток на третата светска војна, изјави Фицо.

Како што пренесува телевизијата ТАЗ, тој истакна дека тие земји инсистирале дека резолуцијата на самитот на НАТО ја одразува директната обврска на Алијансата да ја прифати Украина, што би било неприфатливо за Словачка.

Фицо ја поздрави и одлуката на самитот на НАТО, според која Киев може да очекува прием во Алијансата дури откако ќе ги исполни сите услови и ќе добие согласност од сите членки на Алијансата.

Самитот на НАТО се одржа во Вашингтон од 9 до 11 јули.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Tрамп изјави дека Русија треба повторно да биде примена во Г7

Дејан Дејан

Руте: На Украина никогаш не ѝ беше ветено членство во НАТО

Дејан Дејан

Зеленски до западните партнери: Не му верувајте на Путин, најисплатливо за НАТО е да ја прими Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе