Вести Македонија

Приватните превозници тврдат проблемот го решиле зад затворени врати

Прво најавија дека ќе запрат со работа, денеска без застој возат по скопските улици. Приватните превозници велат дека проблемот го решиле зад затворени врати. Тврдат дека имале средба со градоначалничката и советници од градот и се договориле во текот на неделава да им биде исплатена поголема сума од долгот, во спротивно се заканија дека ќе престанат со работа. Иако првично приватниците им дадоа информација на медиумите дека се на состанок во градските бараки, сепак претставници кои тврдат дека биле на средбата не излегоа да дадат изјава пред камерите.

За тоа дали имало договор во градските бараки, поставивме прашање и до кабинетот на градоначалничката.

„Поврзано со информациите во јавност Град Скопје известува дека нема никакви обврски ни исплати кон приватни превозници. За договорни обврски и релации помеѓу ЈСП и приватните превозници одговори може да дадат од Јавното сообраќајно претпријатие. Денес превозниците сообраќаат редовно согласно утврдениот летен возен ред“,велат од град Скопје.

Само со информација дека нема застој во превозот, но без одговор за тоа дали ЈСП им должи пари на приватниците, денеска од претпријатието со соопштение до медиумите.

„Ве информираме дека јавниот превоз функционира непречено и сите возила сообраќаат согласно со важечкиот летен возен ред“, велат од ЈСП.

Ова не е прв пат приватните превозници да најавуваат и да запрат со работа. Пред повеќе од една година метрополата остана без јавен превоз откако приватниците неколку месеци не возеа, а нивните автобуси беа паркирани по булеварите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо на споменик, почит за убиените кај Вејце се оддава пред табла со слики и имиња која се зема после церемонијата за да не биде уништена

Дејан Дејан

Пациентите со хемофилија во страв дека нема да ја продолжат терапијата

Дејан Дејан

Од ноќеска нови цени на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе