Вести Македонија Топ вести

Неразвиени бели дробови, причина за смртта на бебето од Ресен

Респираторен дистрес синдорм, односно неразвиени бели дробови, е причина за смртта на бебето од Ресен, кое почина при транспорт на Детската клиника во Скопје, 30 часа по породувањето во битолската болница. По извршениот вонреден инспекциски надзор, ДСЗИ соопшти дека не се констатирани неправилности во нивна надлежност, но стручна комисија ќе го истражува случајот. .

„Согласно надлежностите, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира формирање на Комисија за стручен надзор до Министерството за здравство, со цел да се утврди дали има пропусти во начинот на лекување на родилката и новороденото кај кое настапил смртен исход 30 часа по породувањето“ се наведува во извештајот на ДСЗИ.

Според извештајот на ДСЗИ, бебето е родено на 14 јуни со царски рез, имало ослабен тонус, рефлекси и брадикардија, по што веднаш била направена аспирација, вештачка вентилација и срцева масажа. Следниот ден состојбата му се влошила, по што бебето е транспортирано за Скопје, но при прием на клиниката за детски болести тоа е без срцева акција и дишење, реанимацијата била безуспешна по што е констатирана смрт. Телото е вратено назад за Битола, каде е изврешна и обдукција, а причините за смртта на бебето ќе ги испитува и обвинителството, откако родителите обвинија дека болницата задоцнила со транспорт на бебето во Скопје.

За само еден месец вкупно четири бебиња починаа низ болниците во државата или при транспорт во Скопје. Во саботата осуммесечно бебе во лоша состојба и неухрането, почина на пат од Прилеп до детската клиника во Скопје. На 17 мај, деветмесечно бебе без свест било донесено од Итната медицинска помош во Охридската болница, по што лекарите констатирале смрт. Неколку дена претходно во специјалната охридска болница „Св. Еразмо“ почина седуммесечно девојче од Вевчани  по извршен хируршки зафат поради повреда на главата и мозочно крвавење. Во сите овие случаи обвинителството побара обдукција и се истражуваат причините за смртта на четирите бебиња кои починаа за еден месец во Охрид, Битола и Прилеп.

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Коалицијата „ Менуваме“ бара јавна расправа за проблемите од нестручноста на Министерството за социјална политика

Дејан Дејан

9-годишното дете кое синоќа падна од зграда и се здоби со тешки повреди денеска е во стабилна состојбата

Дејан Дејан

Јавното обвинителство во контрола на Одделението за борба против организиран криминал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе