Вести Македонија

Струмичанка измамена за повеќе од 8 000 евра

Жена од Струмичко пријавила во полиција дека била измамена од едно лице за сума од преку 8.000 евра. Како што информира МВР, таа се договорила со лицето да и ја реновира куќата, му плаќала во три наврати, праќајќи му пари од странство, но откако се вратила видела дека работите не се завршени.

Случајот е пријавен вчера, во 11.20 часот во СВР Струмица.

– Триесет и шестгодишна жена од струмичко село пријавила дека била измамена од едно лице   Според пријавеното, таа се договорила со лицето да работи на реновирање на нејзината куќа, по што на крајот на феврурари и почетокот на март 2024 година во три наврати, додека била во странство, му ги пратила парите. Како што е пријавено, откако се вратила видела дека работите не се завршени, а на 22.06.2024 лицето ја известило дека нема да продолжи да работи на куќата, наведува МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени тројца браќа за убиството во гостиварско Дебреше во полициска акција „Обрач“

Дејан Дејан

(ВИДЕО/ФОТО) Изгаснат пожар во Лисиче. Можел да зафати и куќи

Дејан Дејан

Триесет членови, 24 министерства и седум потпретседатедели – Црна Гора има нова влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе