Вести Македонија

СДСМ се подготвува за внатрепартиски избори

Рокот за активирање на членството за учество на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ истекува денеска.

Изборите, закажани за 30 јуни, ќе одлучат за новиот лидер на партијата, со кандидати како Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски.

Изборниот процес ќе биде организиран од Централната изборна комисија со помош на 80 општински комисии.

Новиот лидер ќе биде избран со мнозинство од гласовите на активните членови.

Овие избори следуваат по оставката на Димитар Ковачевски по поразот на парламентарните избори. Венко Филипче во рамки на кампањата вчера беше во Битола.

Тој особено се задржа на Комисијата за етика и одговорност за која посочи дека е од витално значење за градење на култура на интегритет и одговорност за сите свои функционери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лондон е против трговска војна со САД, Берлин и Париз бараат одлучен одговор од ЕУ

Дејан Дејан

Судот во БиХ распиша меѓународна потерница за Додик – се чека одобрување од Европол во Лион

Дејан Дејан

Нов чекор на Ереван за оддалечување од Москва – парламентот на Ерменија гласаше за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе