Вести Свет

Бајден ќе им понуди државјанство на илегалните имигранти доколку се во брак со Американци

Американскиот претседател Џо Бајден денеска понуди пат до државјанство на стотици илјади илегални имигранти кои се венчани за американски државјани, што е сосема спротивно од плановите на неговиот републикански ривал Доналд Трамп, кој ветува масовни депортации.

Програмата ќе биде наменета за речиси 500.000 сопружници на американски државјани кои живеат во САД најмалку 10 години до 17 јуни, соопшти денеска Министерството за татковинска безбедност.

Право на државјанство ќе имаат и речиси 50.000 деца под 21 година кои имаат  родител кој има американско државјанство. „Тоа ќе го промовира семејното единство и ќе ја зајакне нашата економија“, соопшти Белата куќа.

Спротивно на плановите на Трамп, Мексиканците ќе бидат најголеми корисници

Бајден, демократ кој бара реизбор во ноември, ја презеде функцијата ветувајќи дека ќе повлече многу од рестриктивните имиграциски политики воведени од неговиот претходник Трамп, кој исто така бара враќање во Белата куќа.

Но, соочен со рекорден број мигранти уапсени на границата со Мексико, Бајден го заостри својот пристап во последните месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телеком Србија ги купи Нет ТВ плус, ДТХ и лиценците за правата на Спорт клуб за Западен Балкан за 652 милиони евра

Дејан Дејан

Маржите „замрзнати“ на 10 проценти до крајот на април – владата со мерки за високите цени на храната

Дејан Дејан

Мексиканскиот залив стана Залив Америка – „Епл“ направи промена во своите мапи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе