Вести Македонија Топ вести

Давитковски: Претседателката е прв и единствен автор на учебник за локална самоуправа, би требала јавно да истапи и каже дека законот не е согласно уставот

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, колку што се сеќавам, беше автор и на првиот закон за локална самоуправа и професорка е по локална самоуправа. Она е прв и единствен автор на учебник за локална самоуправа, рече професор доктор Борче Давитковски во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма во контекст на најавените измени на законот за локална самоуправа.

„Ако законот помине, она мора да го потпише, бидејќи е двотретински, согласно член 74-75 од уставот. Она како професорка по право, каде што во инаугурацијата кажа дека ќе биде заштитничка на правото и секој пат ќе реагира кога уставот и законите ќе бидат повредени, мислам дека треба да реагира. Она нека го потпише законот, но би требала јавно да истапи и да каже дека „ова не е согласно уставот и ова не е стандард и вака не треба да се работи“, вели Давитковски.

Тој нагласи дека „владеачката партија го донесе првиот закон по скратена постапка, со двотретинско мнозинство кој што се носи, вториот најверојатно вечерва или утре ќе го донесат, иако рекоа дека сите закони ќе одат во редовна постапка, наместо во скратена“. Според него, тоа не е добро за демократијата и за демократските процеси во државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО/ФОТО) Изгаснат пожар во Лисиче. Можел да зафати и куќи

Дејан Дејан

Триесет членови, 24 министерства и седум потпретседатедели – Црна Гора има нова влада

Дејан Дејан

Убиство на гостиварско Дебреше – застрелан помлад жител на селото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе