Вести Македонија Топ вести

Да ставиме вето на Бугарија за Шенген, додека тие не го кренат за Македонија за ЕУ – Коѕијас по шест години од Преспанскиот договор

Европската Унија вети влез на Северна Македонија и имаме обврска да го испорачаме тоа, рече Никос Коѕијас, поранешен шеф на грчката дипломатија, на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што се одржа во Атина во рамки на одбележувањето на шестгодишнината од потпишување на Преспанскиот договор.

„И што направи ЕУ? – Прво француското вето за менување на методологијата, па потоа вето од Бугарија. Што треба ние сега да сториме? – Да ѝ речеме на Бугарија – „е ние вас нема никогаш да ве пуштиме во Шенген додека не го кренете ветото за Северна Македонија“. Ова е добар предлог и треба да се размисли. Ама тоа ли е начин, да се фокусираме на кавги наместо на заеднички прогрес?”, истакна Коѕијас.

Според него, Преспанскиот договор од една страна беше на удар на неиспомисленици, а од друга, самите влади кои го донесоа, недоволно се ангажираа за негово одржување.

„Договорот е како бебе и ние не направивме доволно за да го заштитиме и растеме”,  рече тој.

Коѕијас и тогашниот македонски министер за надворешни рабопти Никола Димитров на 17 јуни 2018 во Нивици, Преспа го потпишаа Преспанскиот договор, со кој се реши 30-годишниот спор за името со Грција. Македонија доби ново уставно име, Северна Македонија, и беше примена како 30-та членка на НАТО.

Преспанскиот договор беше резултат на владите на Зоран Заев од СДСМ и Алексис Ципрас од левичарската СИРИЗА и круна на преговорите за спорот што се водеше во ОН под медијаторство на Нимиц.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО/ФОТО) Изгаснат пожар во Лисиче. Можел да зафати и куќи

Дејан Дејан

Триесет членови, 24 министерства и седум потпретседатедели – Црна Гора има нова влада

Дејан Дејан

Убиство на гостиварско Дебреше – застрелан помлад жител на селото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе