Вести Македонија Топ вести

Приведен гостиварец осомничен за „тешка кражба“ од куќа во изградба

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 14.45 часот во Гостивар го лишиле од слобода 34-годишниот гостиварец С.М., осомничен за „тешка кражба“ од куќа во изградба.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека „тешката кражба“ ја извршил во период од 18.45 часот на 13 јуни до вчера до 12.50 часот, при што одзел повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе