Вести Македонија Топ вести

В.д. градоначалници во Сарај, Гостивар и Аеродром до октомври 2025

Аеродром и Гостивар ќе добијат в.д. градоначалници до редовниот термин за локални избори во октомври 2025-та, доколку Арбен Таравари и Тимчо Муцунски станат министри. За таа функиција Советот ќе избере еден од своите советници.

Во Сарај, вршителот на должноста веќе ги презеде градоначалничките обврски. Советникот Иљас Весели, првите честитки ги доби од Блерим Беџети, кој го прекина својот мандат во локалната самоуправа и стана пратеник.

Коалицијата „Вреди“ предлага да нема предвремени избори доколку градоначалникот што заминува отслужил половина од својот мандат, односно, доколку до редовниот термин за локални избори има помалку од две години. Во Законот за локална самоуправа и во Изборниот законик тој рок сега е 6 месеци.

Не е во ред граѓаните да се малтретираат два пати да гласаат за кус период. Ако до изборите има помалку од две години, треба да се одбере заменик градоначалник во иста постапка како претседавач на Советот. Предлогот е на доработка со стручните служби на Собранието, а потоа ќе биде споделен со пратениците, рече Халил Снопче, координаторот на пратеничката група на Вреди.

Овој предлог партиите од „Вреди“ го најавуваа повеќе пати.

Законите најверојатно ќе одат по скратена постапка и пред изборот на новата Влада. Координаторот Снопче вели дека „Вреди“ не предлага воведување можност за одземање на градоначалничкиот мандат поради слаби резултати или неисполнети ветувања. Но, не е исклучено ваков предлог да пристигне  во текот на постапката.

Повеќе информации ќе донесе утрешната координација кај спикерот Гаши. Тука ќе се договори динамиката за работа на Собранието и дали до крајот на оваа недела ќе има нова седница за избор на потпретседатели.

Ако се изберат, обврските на Гаши нема да го попречат менувањето на законите и изборот на Влада, како што се планира, кон средината на наредната недела.

Ако не се назначат потпретседатели, новата Влада ќе дојде на дневен ред по Бајрам и Задушница, на 24 јуни.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сторителите на семејно насилство да се гонат по службена должност, бараат од граѓанскиот сектор

Дејан Дејан

Бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“ продолжува – министерката бара неколку дена за решение

Дејан Дејан

Обвинение за три лица за палење на македонското знаме на денот на албанското

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе