Вести Свет Топ вести

Ле Пен: Жордан Бардела ќе биде премиер, ако победиме на изборите во Франција

Жордан Бардела ќе биде идниот француски премиер, ако крајно десничарската Национален фронт ги повтори резултатите од европските избори, на предвремените избори во Франција. На неделните избори партијата чие заштитно лице е Марин ле Пен освои над 30 отсто од гласовите, што го потресе политички Париз со одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да го распушти парламентот и да распише предвремени избори. Во синоќешното интервју за националната телевизија, Ле Пен јасно ја остави партиската хиерархија задржувајќи ги сабе амбициите да биде претседател на државата.

„Она што се случи во неделата вечерта беше ветaр на надеж што дуваше низ целата земја. Не смееме да дозволиме да замре. И му велам на францускиот народ, продолжете да се мобилизирате. Да се фокусираме на 30 јуни и 7 јули, бидејќи она што го сакате, можете да го добиете, според правилото што често го повторував: кога народот гласа, народот победува“, порача Марин ле Пен, лидерка на Национален фронт.

Запрашана „ако имате мнозинство во Националното собрание, кој ќе биде премиер? – Жордан Бардела или вие, Марин ле Пен?“, на што одговори – „Жордан Бардела“.

Ле Пен со години беше лицето на Националниот фронт и главен противник на францускиот претседател Емануел Макрон. Но, таа направи симболичен чекор наназад на европските избори за да отвори место на Бардела, актуелниот претседател на партијата. Тој брзо се искачи на врвот, откако ги усоврши своите политички вештини како претседател на младинското крило. Иако внимаваше да не ја засени Ле Пен, неговата популарност брзо расте, особено кај младите.

Медиумите пишуваат дека ги живее ѕвездените мигови на неговата политичка кариера. Се зачлени во партијата на Ле Пен на негови 17 години, а беше советник, портпарол и потпретседател на партијата. Пред две години беше избран за претседател на партијата, а се очекува да остане на водечката позиција долго. Во текот на кампањата за европските избори зборуваше за ограничување на слободното движење на мигрантите и воведување национални гранични контроли. Тој се повлече од ставот за напуштање на Европската унија, велејќи дека не е против Европа, туку против начинот на кој работи Европа.

Парламентарните избори во Франција ќе се одржат во два круга на 30 јуни и 7 јули. Следните претседателски избори треба да се одржат  во 2027 година.

Марија Дивитарова Савановиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: Не планираме да соработуваме ни со Кина, ни со Русија, милијардата ќе биде од земја членка на ЕУ и НАТО

Дејан Дејан

Николовски: Дефинитивно треба да се направи длабока анализа на договорот со Бехтел и Енка

Дејан Дејан

Николовски: Мора да се намалува јавниот сектор а да расте приватниот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе