Вести Македонија Топ вести

Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци во портокалова фаза, можна е температура до 40 степени

Портокалова фаза и високи темепратури не се ништо ново за југот на земјата. Но, ова не се памети дека било вест во првата половина на месец јуни. Неподносливо топло и температури кои надминуваат 37 степени целзиусови цела седмица се реалност за жителите на Гевгелија, Дојран, Богданци, Валандово и Струмица.

Денеска кога здравствените власти најавија внимателност и не препорачуваат движење во периодот од 11 до 17 часот по улиците на градовите е празно.

Се движат само дечиња кои по најголемите жештини одат втора смена во училишта со прегреани простории кои немаат услови за ладење.

Директорите на училиштата со кои контактиравме велат дека нема добиено други насоки за наставата, иако се трудат децата да не се изложуваат дополнително на сонце. Виските температури отвораат работа и за службите за итна медицинска помош.

Малкуте граѓани кои ги сретнавме на улиците и пазарите велат дека е преголема жештина но кога се мора се излегува.

Во Дојран, пак, каде е прогласена портокалова фаза, трет ден нема вода. Жителите од високите места на Стар Дојран полнат од цистерните за основни потреби.

Дефектот на пумпите за испумпување вода треба да се замени за ден до два.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: Не планираме да соработуваме ни со Кина, ни со Русија, милијардата ќе биде од земја членка на ЕУ и НАТО

Дејан Дејан

Николовски: Дефинитивно треба да се направи длабока анализа на договорот со Бехтел и Енка

Дејан Дејан

Николовски: Мора да се намалува јавниот сектор а да расте приватниот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе