Претседателката Силјановска- Давкова даде објаснување зошто венецот што го положи на гробот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методија во Рим пишуваше само „претседателка Гордана Сиљановска Давкова“ без да се наведе името на државата. Таа рече дека е свесна дека може да има забелешки и ги разбира многу од нив, но се знаеше која е делегацијата, тоа не е проблем и негирање на државата.
Знаете дека тие лентите не се многу големи. Разговаравме во Кабинетот. Имавме и различни мислења меѓу себе. На пример, јас имав мислење дека може да биде РС Македонија, но, некако на крајот рековме дека бидејќи јас сум на чело на државно-црковната делегација би можело и ова да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки. Ги разбирам многу од нив. Многу од нив се логични бидејќи, точно дека Македонија ја претставуваме таму. Но, веројатно во време кога како што знаете после моето избегнување на говорницата на официјалното име на државата, односно после определувањето за Македонија врз основа на правото како што реков деновиве на самоопределување и самоидентификација или слободата на изразување на мислата, се одлучивме за ова решение, појасни шефицата на државата.
За некористењето на уставното името и како тоа се одразува на односите со соседите, смета дека не може со една изјава да се вратат односите наназад.
Односите се такви какви што се, бидејќи односите може да се добри тогаш кога навистина сме исчекориле во евроинтеграцијата, зошто ако го смените името врз основа на референдумско прашање дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор тоа е обврска не само за нас, рече таа и додаде дека промената на името, било веројатно една од најголемите промени во животот на некоја држава или нација.
Додаде дека е добро што земјата е членка на НАТО, но смета дека не е чекор напред тоа што повторно стоиме пред промена на Уставот за да почнат преговорите, оти, како што рече, „дали сте за членство не значи дали сте за почеток на преговори“. Нагласи дека логично би било сите да ги реализираат преземените обврски.
Во врска со писмената честитка на Стејт департментот за прва жена претседател, која, како што објавија медиумите не била испратена поради неупотребата на уставното име на инаугурацијата, Сиљановска Давкова истакна дека таа имала средба со американската амбасадорка Анџела Агелер. ден пред инаугурацијата во Парламентот и дека тоа е нивна одлука во која таа не може да се меша.
Според мене тоа не значи прекршување на Преспанскиот договор. Јас и пред некој ден кажав – ниту јас одбив да ја потпишам изјавата, ниту ја искинав, ниту реков дека ќе покренувам постапка за поништување на Преспанскиот договор иако таму има постапка. Јас само усно си го искористив сократовски правото на слободно изразување на мислата така како што го прават и многу други претседатели, вклучувајќи го и претседателот на САД, претседателите – значи и тие употребуваат скратени изрази, инаку би требало да се автоцензурирам. Исто така знам дека на телевизиите многу често оди Македонија, а и тие имаат понекогаш проекти од државата, имаме партија која е финансирана од државата, а во името има Македонија, мислам на СДСМ, рече Сиљановска Давкова.
Во врска со можноста за признавање на палестинската држава, таа истакна дека е е рано да се размислува за тоа и оти тоа прашање не дошло на дневен ред.
За челната позиција во Агенцијата за разузнавање и дали ќе даде нов предлог или и натаму ќе ја предводи Еролд Муслиу вели дека нема нов предлог и дека нему се уште не му е истечен мандатот.
Ако не ви е истечен мандатот само доколку направите некои повреди тогаш може да бидете сменет, значи мандатот му тече. Јас не знам се уште, се уште не можам да откријам дали имало некакви повреди. Кога ќе дојде времето или ако истече мандатот, а тој не е истечен или ако има некои причини за предвремен престанок на мандатот, тогаш би можела јас да размислувам, рече Давкова.
View this post on Instagram