Вести Македонија Топ вести

Силјановска Давкова: Не гледам дека сум го повредила Преспанскиот договор

Претседателката Гордана Сијановска Давкова смета дека не го прекршила Преспанскиот договор кога не го изговори уставното име додека даваше свечена изјава во Собранието. Се повика на индивидуалното право на самоопределување и рече дека ја потпишала изјавата во која беше наведено името Северна Македонија.

Јас го почитував Преспанскиот договор – не гледам дека сум го повредила Преспанскиот договор. Впрочем и во самиот Преспански договор јасно стои дека во документите и во комуникацијата ќе се употребува името од Преспанскиот договор, значи не гледам тука дека тоа е повреда јас ниту ја искинав изјавата, ниту реков дека нема да го почитувам Уставот, ниту реков дека ќе го раскинувам Преспанскиот договор . Едно е што јас сум  го критикувала Преспанскиот договор, заради постапката на донесувањето, заради неусогласеноста со Повелбата на Обединетите нации, но тоа е правен факт, но тоа е реалност и јас ќе ја почитувам, рече Силјановска Давкова.

На прашањето дали ова може да се одрази на европската интеграција на Македонија, Силјановска Давкова рече дека за тоа треба да се праша грчката страна. Додаде и дека Македонија ги смени и документите за внатрешна употреба, и се повика на одредба од Преспанскиот договор дека тоа ќе треба да се оствари пет години по неговото стапување во сила, но и по отворањето на првото поглавје. „Еве јас имам прашање за себе, за Грција и за сите други дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така превид, не велам прекршување, дали тоа не е исто така отстапување од преспанскиот договор“, рече Силјановска Давкова.

Не би можела јас да одговорам, бидејќи веројатно грчките претставници најдобро можат да кажат. Понекогаш и слушам некакви предупредувања и закани, но јас вака велам дека точно е дека во меѓународното право важи начелото дека треба да се почитуваат договорите, но еве мислам секогаш кога бараме од другиот да стори нешто, логично е во една вин вин логика, да се запрашаме што сторивме ние. Јас мислам дека сите кои биле во Грција можат да видат дека токму името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале. Се уште има Скопје, Skopia, дури го има и акронимот на повеќе места да не зборувам за меморандумите. Еве кога веќе ме прашавте само да кажам дека за мене најважниот меморандум е оној за помошта при евроинтеграциите. Значи затоа очекувам со пример да се стори нешто и еве да укажам на уште нешто што исто така не се истакнува, имено ние ги сменивме и документите за внатрешна употреба, меѓутоа токму во однос на овие постапки, таму има во Преспанскиот договор се вика дека ќе почне примената, односно ќе треба да го оствариме ова пет години по неговото стапување во сила, ама пишува и по отворањето на Првото поглавје. Еве јас имам прашање за себе, за Грција и за сите други дали ние отворивме некое поглавје и дали тоа не е исто така превид, не велам прекршување, дали тоа не е исто така отстапување од Преспанскиот договор, рече претседателката.

За  време на инаугурацијата, Силјановска Давкова предизвика револт кај грчката амбасадорка, која веднаш замина од собраниската галерија, а потоа следуваа низа реакции во грција со повик да го почитува меѓународниот договор. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис неколку пати предупреди дека европската иднина на Македонија ќе биде блокирана ако не се почитува Договорот од Преспа. Кажа и дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми, што се нејзина обврска. Реагираа и челниците на Европската унија повикаа на почитување на меѓународните договори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повредени тројца припадници од обезбедувањето на Гаши во сообраќајна несреќа кај Ново село

Дејан Дејан

Полициско возило со тројца полициски службеници излетало на патот Охрид-Кичево – повредените се пренесени во болница

Дејан Дејан

Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе