Вести Македонија

ДИК го одби приговорот на Европскиот фронт за прегласување во Ларце

По отворањето на гласачкиот материјал и повторното пребројување на ливчињата, Државната изборна комисија го отфрли приговорот на ДУИ со кој се бараше прегласување на избирачкото место 2101 во тетовското село Ларце во Општина Желино.

По прегласувањето на ова гласачко место на 22 мај, коалицијата на ДУИ изгуби едно пратеничко место на сметка на коалицијата Вреди. ДУИ се жалеше на неправилности во гласањето, утврдувањето и сумирањето на резултатите и тврдеше дека бројот на гласачки ливчиња не соодветствува со бројот на гласачи кои излегле на гласање.

По повторното пребројување беше констатирано дека фактичката состојба е иста како таа наведена во записникот.

За отфрлање на приговорот на ДУИ имаше 6 гласа, а само потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која е предлог на ДУИ, гласаше за прифаќање на приговорот.

Европскиот фронт, предводен од ДУИ, сега има рок од 24 часа за тужба до Управниот суд, а Судот одлучува во рок од 48 часа по поднесената тужба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Просветните инспектори утврдија неправилности за училишната приредба во Челопек со воени униформи на УЧК и пластични пушки

Дејан Дејан

Почна со редење на куќарки и на украси на Плоштадот- град Скопје се подготвува за Нова Година

Дејан Дејан

Однесувањето на трето одделенец затвори две училишта – по „11 Октомври“ и „Лазо Ангеловски“ во бојкот на наставата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе