Ситуацијата алармантна,свесноста на граѓаните на ниско ниво, надлежните без конкретни дела да ја спречат состојбата со климатските промени, алармираат невладините. Државата но и главниот град изманитот период се соочиле со такви промени, но наместо решение продолживме со бетонизација и улици како речни корита, велат екологистите. Предлагаат низа мерки, меѓу кои и донесување на законот за климатска акција, како и управување со водата и отпадот.
„Климатските промени треба да сфатиме дека се повеќе влијаат, и на жалост Македонија е една од петте најзагрозени земји од климатските промени. Ако немаме адаптација, ќе има се поголема миграција, не заради економската ситуација туку тешките услови кои ќе бидат за живеење“, вели Блаже Јосифовски Go Green.
„Ние како држава и како град Скопје имавме искуство со такви поројни поплави во Стајковци имаше и во Тетово, но како што гледаме многу малку од тие работи се научени и се вградуваат во некакви политики на државата и на општините“, вели Јане Димески екологист.
Свесноста на граѓаните дека постојат климатските промени е на ниско ниво, велат активистите а со нив се сложуваат и анкетираните.
Каталонија во проблем со вода за пиење поради климатските промени и малку дождови.
View this post on Instagram
Климата од година во година се менува, време за спречување многу нема, сите активно во борба за спречување со климатските промени, велат од центарот за климантски промени кои упатија и порака.
„ Потребно е што повеќе да бидеме свесни за ризиците и проблемите кои што ќе ги предизвикуваат климатските промени во иднина за да можеме подобро да се заштитиме и подобро да се справиме во нив“, вели Бојана Станојевска Пецуровска центар за климатски промени.
Под мотото „Климатска акција сега“ во организација на здружението гоу грин со штандови, зелени говори, младински барања и забава, во градскиот парк од најмлади до најстари се собраа за да промовираат еколошки свесен начин на живот.
Симона Петровска