Норвешка е првата европска земја која јавно објави дека ќе ги уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана, Јоав Галант, доколку Хашкиот трибунал издаде налог за нивно апсење и се најдат на норвешка територија.
Норвешкиот шеф на дипломатијата Еспер Барт Ејде изјави дека доколку се издаде налог за апсење на Нетанјаху и Галант во име на Трибуналот, ќе бидат обврзани да ги уапсат ако пристигнат во Норвешка.
„Судот е тој кој одлучува дали ќе издаде налог за апсење. Ако се случи тоа, сите земји потписнички мора да постапат по него“, рече Барт Ејде.
Ејде за норвешката телевизија ТВ 2 истакна дека земјата, врз основа на меѓународното право, е обврзана да го уапси Нетанјаху и лидерите на Хамас и оти тоа важи за сите држави во Европа, освен за Турција.