Вести Македонија Топ вести

Не пијте вода од водоводот, заматена е – ЦУК со предупредување до кумановци по синоќешните врнежи

Кумановци да не пијат вода од водоводот поради заматеност по вчерашните врнежи од град и дожд во липковско, алармираат од Центарот за управуавње со кризи (ЦУК).

По вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска Река, што има влијание на системот за водоснабдување – на филтер станицата на ЈП „Водовод“ Куманово.

„Според информација од одговорното лице на филтер станицата, се работи за количина на над 10.000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните. Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата“, нагласуваат од ЦУК.

Од ЦУК веднаш е побарано инспекциските служби на Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на самото место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка.

За денеска во 12 часот е најавен состанок на Општинскиот штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран ги откажа летовите од сите аеродроми од вечерва во 21 часот до изутрина во 6 часот

Дејан Дејан

Ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на гасот – српскиот премир Милош Вучевиќ утре гостин на Мицкоски

Дејан Дејан

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе