Емисии Код

КОД: Крај на бегството на Палевски Палчо, за одговори за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Прво обвинение за осомничените соучесници кои признаа вина за грабнувањето и убиствата на велешанецот Панче Жежовски и 14-годишната Вања Ѓорчевска, а посебно обвинение за првоосомничениот дека е директен извршител на убиствата Љупчо Палевски Палчо.

КОД дознава дека се очекува спојување на постапката во тек на судењето. Неизвесно е дали ќе има обвинителен акт за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и човекот што го возеше Палчо од Србија до Турција.

Дојде со плазма телевизор и пари, во КОД разговор со директорот на затворот во Шутка Филип Андов, за однесувањето и барањата на Палевски во притвор.

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Во КОД и за мотивите за злосторствата. Можно е различни осомничени да имале различни мотиви.

Хронологија на бегството чиј крај треба да донесе одговори за ликвидациите на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

Емисијата „Крај на бегството на Палевски Палчо, за одговори за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски“ е емитувана на 19.05.2024.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Молк за докази во полза на доживотен затвореник, интервју со директорот на затворската Управа Пандов за куќата која изгоре во подметнат пожар

Дејан Дејан

КОД: Интервју со Пандов за затворската корупција и запалената куќа

Дејан Дејан

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе