Вести Свет

Ирска сигурно ќе ја признае палестинската државност до крајот на маj, тврди шефот на дипломатијата

Ирска сигурно ќе ја признае палестинската државност до крајот на мај, изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата, Мајкл Мартин, без да прецизира датум.

„Ќе ја признаеме државата Палестина пред крајот на месецот“, изјави Мартин, кој е и вицепремиер на Ирска, за радио станицата „Њузток“.

Говорејќи денеска тој рече: „Ќе ја признаеме државата Палестина пред крајот на месецот. Конкретниот датум е сè уште флуиден бидејќи сè уште сме во разговори со некои земји во однос на заедничкото признавање на палестинската држава“.

„Ќе стане јасно во следните неколку дена за конкретниот датум, но тоа секако ќе биде пред крајот на овој месец и со нетрпение ќе ги очекувам денешните консултации со некои министри за надворешни работи во однос на конечните конкретни детали за тоа“, додаде Мартин

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Дејан Дејан

Tрамп изјави дека Русија треба повторно да биде примена во Г7

Дејан Дејан

Руте: На Украина никогаш не ѝ беше ветено членство во НАТО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе