Вести Македонија

Државата сѐ уште не го платила лекувањето на Леонид Индов во Австрија – семејството моли за реакција

Државата сѐ уште не го плаќа лекувањето на Леонид Индов во Австрија, а семејството моли за реакција. Фондот за здравствено осигурување е без одлука – дали лекувањето може да продолжи во болницата во Виена.

Оттаму испратиле фактура и ако не се платат 140 илјади евра до почетокот на мај, тогаш младото момче ќе мора да се врати во Македонија, вели неговиот татко во разговор за Телма.

Бранко Индов претходно поднесе тужба до второстепената Комисија на Фондот за здравствено осигурување за неисплатените средства, но нема никаков одговор.

Леонид Индов минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција при што ги повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите.

За него во неколку наврати се собираа донации за да може да се извршат потребните операции и да продолжи лекувањето.

Дали ќе треба да го вратам Леонид во Македонија, ако државата не ги плати парите? Фондот сѐ уште нема одговор дали ќе може да се плати неговото лекување во Австрија, изјави таткото на леонид.

Од Фондот за здравствено осигурување во одговор за Телма најавуваат дека следната недела ќе се одржи седница на Второстепената комисија во полн состав.

Претходно, било одлучено да се бараат дополнителни понуди за дијафрагмален стимулатор.

Tоа е интервенција со која ќе му се олесни дишењето на осигуреникот Л.И. и ќе се намали потребата од механичка вентилација. Во моментот се чекаат понуди и од други здравствени установи во странство со кои Фондот соработува бидејќи одговорот од центарот во Австрија каде што престојува осигуреникот не соодветствува со барањето од Фондот, соопштија од фондот.

Младиот Леонид Индов во моментов е на рехабилитација во Виена, каде што беше транспортиран со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хегсет: Не е можно враќање на границите кои Украина ги имаше до 2014 година

Дејан Дејан

Воз излетал од шините: Железничката линија Скопје-Солун нема да функционира

Дејан Дејан

Трамп и Путин разговарале по телефон: Преговорите за мир во Украина започнаа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе