Вести Македонија

Паркирани камиони, намалена фреквенција, патници, речиси, нема – втор ден од штрајкот на грчките цариници, границата се отвора утре наутро во 6 часот

Втор ден се затворени границите кон Грција. На преминот Богородица – Евзони е мирно. Од македонска страна на границата и во меѓупросторот чекаат камиони. Некои се втор ден тука, особено оние што доаѓаат од соседна Србија. Велат немале информации за штрајкот.

Македонските гранични служби велат дека од вчера попладне речиси и да нема проток на патници. Фреквенцијата е намалена, а се пропушта само расиплива стока и лекови.

Поради штрајкот на грчките цариници затворен е и граничниот премин Дојран и Меџитлија. Границата ќе профункционира нормално утре од шест часот наутро.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски поразен во Центар, Карпош и Кисела Вода, во Чаир води Османи

Дејан Дејан

ДИК по обработени 99%: Предност од 182.386 гласови на Силјановска пред Пендаровски

Дејан Дејан

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе