Бројот на нови случаи на деца со аутизам постојано расте, но тој број е непознат, бидејќи нема регистри, родителите стареат, а на децата нема кој да и пружи грижа, смета Зоран Мијалков граѓанскиот активист и родител на две деца со аутизам.
Според него 1 април е Светскиот ден на лицата со аутизам, бидејќи родителите со години некој ги лаже дека нешто ќе се подобри.
Според него секое семејство кое има дете со аутизам има низа на потешкотеи, бидејќи немаат поддршка од државата. Мијалков вели дека без помош на неговата ќе биде социјален случај.
Во Штип денеска се одбележа Светскиот ден на лицата со аутизам, учениците од центарот за поддршка на деца со аутизам и учениците од училиштето Ванче Прќе денеска се дружија и упатија порака за подигање на јавната свест кон лицата со потешкотии во развојот.
Викторија Јованова