Вести Македонија Топ вести

Децата со примени три дози ДТП вакцини од понеделник ќе може да одат во градинка

Комисијата за заразни болести препорача – министерството за здравство ја потпиша одлуката од понеделник децата со примени три дози ДТП вакцини да одат во градинка, но со услов ревакцина во наредните шест месеци. Изминатава недела, пак, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) извршил околу 100-тина инспекциски надзори во градинките и не забележал неправилности во нивното работење.

Според инспекоторатот, родителите на децата од внатрешноста на земјата покажале поголема дисциплинираност во запазување на вакциналниот календар и затоа бројот на случаи со ова заболување таму е незначителен.

„Очигледно е дека проблемот е во градот Скопје и мислам дека овие епидемии ќе не освестат дека треба да се вакцинираат сите деца се со цел да не ни се случуваат  и да не ги враќаме заразните болести. Се повеќе ни стигаат списоци каде има деца кои не примиле досега ниту една доза на вакцините. Тоа е во наша надлежност. Ги контролираме тие списоци. Ќе излеземе од оваа ситуација. Оваа недела имаме добра соработка со градинките. Трпение и за родителите, зашто не е во ред да враќаме заразни болести, веќе сме 21 век“, директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.

Додека надлежните апелираат на масовна вакцинација на децата против голема кашлица, пристигнаа вакцините и за возрасните кои ќе одлучат да се имунизираат против ова заболување. Вакцинацијата за нив не е задолжителна, но се препорачува за лицата кои имаат мали деца и кои работат со нив, а особено здравствените работници и вработените во установи за дневен престој.

Изминатава недела беа пријавени 43 нови случаи на голема кашлица, а три од нив се хоспитализирани. Досега во земјава регистрирани се вкупно 216 случаи на пертусис.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе