Вести Македонија Топ вести

Власта и опозицијата со предлог законски измени за возачките дозволи и пасошите на нецели 24 часа до истекот на важноста на документите со старото име на земјава

Власта и опозицијата најавија поднесување на предлог законски измени за возачките дозволи и пасоши. Според техничкиот премиер, Талат Џафери во дел е можна интервенција со законска измена, во дел, пак, со Одлука на владата.

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски на прес-конференција соопшти дека претпладнево поднел законски измени на Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, по скратена постапка. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овие законски измени утрово ги поднесе до архивата на Собранието и барање за свикување на итна седница за оваа прашање со потписи од 20 пратеници.

Тошковски објасни дека во законските измени треба пермутација на четири бројки во двата закона.

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на самите законски решенија се работи за измена на одредбите од двата закона коишто предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена, рече тој, ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период.

И пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, најави Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Со измени на законите граѓаните и натаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме, граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму“, рече Каевски.

На полноќ истекува преодниот период од пет години, односно одредбата од Договорот од Преспа, со која ќе престанат да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата.

Договорот од Преспа стапи во сила на 12 февруари во 2019 година, со што важноста на пасошите со старото име истекува пет години подоцна, односно на 12 февруари годинава.

Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 година, а уставните измени за промена на името во Северна Македонија во Собранието беа изгласани на 11 јануари 2019 година. По излегувањето на измените во Службен весник во февруари 2019 година почнаа да течат петгодишните рокови, согласно Договорот.

МВР вчера соопшти дека од 13 февруари годинава важат само пасошите и возачките дозволи со новото име. Личните карти, ќе важат и по 13 февруари, и граѓаните ќе можат да ги користат непречено nа територијата на Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија ќе го забрзува пристапување на Македонија во ЕУ, но и го чека нејзиниот предлог за уставните измени

Дејан Дејан

Европската комисија со предупредување до Унгарија – да не испраќа мигранти во Брисел

Дејан Дејан

Стано: Охридскиот договор е правно обврзувачки за Белград и Приштина, без него нема пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе