Вести Македонија Топ вести

Во понеделник Надзорниот одбор на М – НАВ ќе ги потпише записниците за ново раководство

Надзорниот одбор во М-НАВ во понеделник ќе одржи уште еден состанок на кој ќе се потпишат записниците од четвртокот кога беше прифатен предлогот на Владата да се именуваат Хекуран Асани и Милан Кораќ за директори во државната компанија на местата на Фахрудин Хамиди и Љубе Стамнековски.

Потоа според законската процедура, одлуката заедно со докуметацијата ќе бидат испратени во Централниот регистар кој треба да ги впише Асани и Кораќ како нови директори во М-НАВ со што формано правно завршува процедурата за смена на ракводтсво во компанијата.

Со нивното именување повеќе нема пречки да се состане Комитетот за безбедност на М-НАВ, каде тие се членови, и да се изготви официјалниот извештај од интерната истрага за инцидентот и насилниот упад кој го предводеше функционерот на ДУИ и советник во М-НАВ, Беким Незири.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ и денеска реагираат зошто и по две недели уште нема разрешница за упадот од 4ти јануари. Обвинуваат дека власта ги спасува бандитите на ДУИ.

– Од директори од ДУИ, до напаѓачи од ДУИ до обезбедување блиско до ДУИ, сите патишта од упадот во М-НАВ водат кон ДУИ, велат од партијата.

Обвинува дека се дозволило да биде загрозен авиосообраќајот, само затоа што вработените не го прифаќале диктатот на власта за партиските вработувања.

Истрагата за случајот е во тек но сѐ уште ѝ се недостапни двајца осомничени, додека пак тројца од напаѓачите се непознати.

Еден од осомничените, фудбалски тренер Ерсен Сали, кој исто така беше недостапен за органите на прогонот, вчера се јавил во обвинителството, по што бил изведен пред судија на претходна постапка и доби куќен притвор, иако обвинителството побарало тој да биде спроведен во Шутка.

Сали е еден од осомничените по кои се трагаше со централна потерница за инцидентот во контролната кула. Тој според сознанијата на Телма е и лицето кое физички го нападна контролорот на летање Премптим Бериша.

Сали во февруари 2022 година бил осуден на една година затвор за тешки дела против општа сигурност, затоа што во 2020 година пукал и ранил човек во нога, во дуќан на пластичарска. Но, Апелација само неколку месеци подоцна ја преиначува пресудата дека тој нема да оди во затвор, доколку не направи кривично дело во наредните 3 години.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Живот во Припјат ќе биде можен по 3.000 години – 39 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе