Вести Македонија Топ вести

(видео)Лавров на прашањата на Телма: Вашето прашање ќе биде поздравено од вашите шефови

„Вашето прашање ќе биде поздравено од вашите шефови“, вака шефот на руската дипломатија Лавров го почна 12-минутниот одговор на прашањето на Телма, дали и кога Русија ќе го прифати својот дел од одговрноста за разнишаните темели на ОБСЕ но, и генерално за поткопаната европската безбедност со руската агресија врз Украина.

По широка елаборација Лавров одговрноста за сите случувања ги лоцираше во западните и европските дипломати кои ги обвини за неуспехот на Договорот од Минск како и на договорот Белград – Приштина.

Порача дека Русија е подготвена на дијалог но, дека тој е невозможен, бидејќи западните дипломати се „кукавици“ кои не сакаат дијалог со аргументи и го “украинизираат“ ОБСЕ.

Во видеото погледнете го целосниот одговор на Лавров на прашањето на новинарот на Телма Боби Христов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе