Вести Македонија Топ вести

Шмид: Со ваша поддршка ОБСЕ може да даде особен придонес за подобра иднина

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид при денешното обраќање на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје порача дека организацијата е неопходна во безбедносна структура на светот.

  • „Оваа организација има клучни инструменти во безбедноста. Станува релевантна и за безбедноста во Евроазија,  тука седнувајќи ги на иста маса различните страни. ОБСЕ е можна сила за промена за многу граѓани во регионот на ОБСЕ. Навистина за луѓето се работи. Со ваша поддршка ОБСЕ може да даде особен придонес за подобра иднина“, рече Шмид.

Таа посочи и дека и понатаму ОБСЕ ќе бара поддршка во Украина, како и поддршка за демократските институции во земјите членки на организацијата. ОБСЕ и понатаму ќе биде посветена на деминирање и борба против трговија со луѓе.

Шмид рече дека има 25 милиони жртви на трговија со луѓе, а најголем дел од сторители не се изнесуваат пред лицето на правдата.  ОБСЕ притоа соработува со Влади и Парламенти за поконзистентни активности во борбата против трговијата со луѓе.

Таа посочи и дека ОБСЕ треба да биде поактивно во справувањето со климатските промени, а особено се концентрира на човекови права и застапување на правата на жените и малцинствата, како и на сајбер безбедноста и борбата против корупцијата.

  • „Ја знаете вредноста на ОБСЕ и покрај сите предизвици со кои се соочуваме ние постигнуваме конкретни резултати“, додаде Шмид.

Се осврна и на буџетот на организацијата за кој не е донесен заеднички договор меѓу земјите членки од 2021 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Студентските протести „ќе влезат во историјата на срамот“ како највалканата обоена револуција

Дејан Дејан

Српските студенти со огромен протест во Крагуевац

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе