Имаше ли бакнежи испратени во воздух и намигнување од вицепремиер до пратеничка од опозицијата? Собраниските камери не го прикажаа моментот, но пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојановска, бурно реагираше на собраниската седница за пратенички прашања, обвинувајќи го вицепремиерот Бојан Маричиќ за недолично однесување.
Подоцна пратеничката појасни дека вицепремиерот, како и многупати досега, најпрво дофрлувал од место за да ја деконцентрира, а потоа прешол на безобразно гестикулирање.
Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака, напиша вицепремиерот.
Во одбрана на вицепремиерот застана и премиерот.
По ова, пратеничката Стојаноска и нејзините колеги побараа од Маричиќ да излезе на говорницата и да го каже истото пред нив, во спротивно, да си даде оставка.
Маричиќ не излезе, ниту, пак, негираше од место. Откако не успеа да ги убеди опозициските пратеници да ја напуштат говорницата, потпретседателот на собранието ја прекина седницата.
Далиборка Демјанска Цветановска