Вести Македонија Топ вести

По 13 години ќе се ревидира листата со лековите на товар на Фондот за здравствено осигурување

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека веќе е формирана комисија која треба да работи на новиот правилник за ставање лекови на позитивната листа односно кои ќе паднат на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Тој рече дека нема временски период до кога треба да биде ажурирана листата, бидејќи тоа ќе се случува етапно.

Правилникот е во согласност со ЕУ стандардите, а новитет е тоа што предвид се земаат не само клиничките и економските аспекти од употребата на лекот или интервенцијата, туку и хуманистичките аспекти.

Комисијата е составена од експерти, односно претставници од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и медицински средства, Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, како и од универзитетските клиники, кои се доктори-специјалисти од различни области на медицината и фармацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

Дејан Дејан

Која е втората истрага за тајните служби во Македонија

Дејан Дејан

Македонија ќе бара помош од САД во поглед на евроинтеграциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе