Вести Македонија Топ вести

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ јавнаа коњи за Илинден

Годинава на Илинден, две групи коњаници ќе се сретнат кај месноста Слива. СДСМ објави дека, како државотворна партија, организираат низа активности, меѓу кои и коњички марш. На чело на колоната млади јавачи застана генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски.

ВМРО ДПМНЕ ги испрати коњаниците на здружението „Илинденски коњички марш 1978“ пред четири дена. Годинава по 45-ти пат од Горно Лисиче тргнаа 38 коњаници. Ќе бидат дел од официјалната програма на манифестацијата „10 дена Крушевска република“.

Чествувањето на празникот почнува вечерва на Гумење. Делегациите со цвеќиња и говори, изложбите и концертите го задржуваат традиционалниот начин на одбележување на празникот.

Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на Пелинце. Потоа ќе предводи државно-црковна делегација во манастирот „Прохор Пчињски“. Српската православна црква годинава како и лани, по повеќегодишна забрана, ќе ги отвори вратите за македонската делегација. Домаќин на Пендаровски ќе му биде српскиот претседател Александар Вучиќ.

Премиерот Димитар Ковачевски останува во Скопје. Прославата ќе биде на Кале, пред споменикот „Сила, слава и победа“. Пред вечерашното отварање на „10-те дена Крушевска република“ порача дека „жртвата на илинденците е аманет и инспирација за сите генерации да бидат истрајни во градењето силна, просперитетна и европска држава“.

Претседателот на Собранието Талат Џафери патува за Крушево. Предвидено е почест на гробот на Никола Карев во Македониумот и на споменикот на хероите на Слива, панихида во храмот Свети Никола и голем народен собир по обраќањето на Џафери.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и годинава ќе оди во струшкото село Ташмаруништа. Пред тоа, ќе ги посети Македониумот, Слива, Мечкин камен и храмот Свети Никола.

Годинава се одбележуваат 120 години од Илинденското востание. Слоганот е „Илинден – огниште на татковината“.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорѓиевски: Mоќта на градоначалниците е преголема и тоа треба да се ограничи

Дејан Дејан

Централна Европа се справува со катастрофалните поплави

Дејан Дејан

Променливо облачно и свежо – Временска прогноза за 16.9.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе