Вести Македонија

Изминатиот викенд ГП Богородица и Стар Дојран ги поминале 51 илјади патници

Од петокот од 10 часот до вчера истото време на граничните премини Богородица и Стар Дојран на излез и влез во државата поминале над 51 илјада патници.

Како што соопштија од МВР, на ГП Богородица влез и излез оствариле 38.950 патници, од кои 14.456 се македонски државјани, а 24.494 странци.

На ГП Стар Дојран влез и излез оствариле вкупно 11.960, од кои 4.772 македонски државјани, а 7.188 странски државјани.

Според информацијата од МВР, во моментот времето на чекање е половина час.

Според информацијата од АМСМ од утрово, заради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу еден час.

На oстанатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

Дејан Дејан

Која е втората истрага за тајните служби во Македонија

Дејан Дејан

Македонија ќе бара помош од САД во поглед на евроинтеграциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе