Вести Македонија Топ вести

Груби: За изгласување на уставните измени подготвени сме да се откажеме и од премиер Албанец

– ДУИ го отвора патот на опозиција да гласа за уставните измени, а тоа е во полза на интеграциите на С.Македонија во Европската Унија и за доброто на граѓаните, вели првиот вицепремиер Артан Груби откако вчера министрите од ДУИ си поднесоа оставка од функциите до премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додава дека за иднината на земјата подготвени се да се откажат и од привремена влада и од премиер Албанец и од нивните мандати.

Од сé што е политички договор на коалицијата ние се откажуваме, под услов македонската опозиција да ги гласа уставните измени, вели Груби во синоќешното интервју за косовската телевизија Т7.

Министрите од ДУИ поднесоа оставки кои би важеле од моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени.

Влада без ДУИ беше едно од барањата кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги постави на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски на 7 јуни, а на која се зборуваше за гласање на уставните измени.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хутите истрелаа ракета која за прв пат стигна до централен Израел, во нападот нема повредени

Дејан Дејан

Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клини и здравствени домови

Дејан Дејан

Најмалку осум луѓе загинаа обидувајќи се нелегално да го поминат Ла Манш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе