Вести Македонија

Уапсен скопјанец поврзан со двојното убиство во „Шиша бар“ 

48 часа притвор за скопјанец поврзан со двојното убиство во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија. Дел од медиумите пишуваат дека уапсен е купувачот на возилото марка „Ауди“ кое подоцна беше пронајдено запалено. Од Обвинителството нема потврда за ваквите информации, а во официјалниот одговор има пишува само дека е одреден притвор, но не и дека лицето е поврзано со двојното убиство.

Со оглед на тоа што во предметот во кој е определен краткотраен притвор за едно лице постои сериозна можност за компромитација на истрагата во оваа фаза, во интерес на тајноста на постапката не сме во можност да споделуваме никакви детали, се вели во официјалното соопштение на Јавното обвинителство.  

Убиството се случи на 6 март, а напаѓачите влегле во Шиша бар во Старата скопска чаршија и биле облечени во црна облека налик на униформа по што повикале дека станува збор за полициска рација.

Кога ги нашле „таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место се убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени.

По нападот, групата убијци избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во Шуто Оризари. Регистрациите на запалениот автомобил биле украдени од друго возило.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Еуромакс испорача рок или Владата ќе одлучи за рудникот за бакар „Иловица-Штука“ или правдата ќе ја бараат пред Арбитражен суд

Дејан Дејан

Протест пред Култура поради непостигнатиот договор за зголемени плати

Дејан Дејан

За еден месец изгорени повеќе од 400 хектари шума на Шар Планина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе