Вести Македонија Топ вести

Затворски полицаец му помогнал на затвореникот кој викендот избега од Идризово и ограби обложувалница

Од полуотвореното одделение преку отвореното до последната капија во Идризово. Ова е патот до слободата на затвореникот кој викендов со пиштол ограби обложувалница, кој немало да го изоди  ако затворски полицаец не му ја дал картичката од вратата. Вработениот во Идризово доби кривична пријава за противзаконито ослободување на лице лишено од слобода, затоа што како службено лице му овозможил на осуденикот да избега.

Осуденикот, искористувајќи ја довербата на Ј.Ј., му ја побарал службената магнетна картичка за отворање на безбедносната врата од Отвореното одделение, со образложение дека ќе оди во друг дел од одделението каде претходно бил работно ангажиран. Откако осуденото лице ја отворило безбедносната врата, му ја вратило картичката на сопственикот, а потоа се оддалечило кон „зелената капија“.  Нешто подоцна, при извршена проверка на бројната состојба, било констатирано дека осуденото лице недостасува, односно дека побегнало од затвороt, соопштија од мвр.

Затвореникот имал уште 4 години до слобода. Затворската казна му завршува во 2027 но првото нешто што го наприл откако избегал од затворот е разбојништво. Заканувајки се со пиштол ограбил обложувалница во Маџари. Веднаш потоа полицијата го уапси. А токму разбојништво и држење на оружје се двете криивчни дела поради кои и влегол во Идризово.

Бегствата и обидите за бество го тресат најголемиот затвор во државата од почетокот на годината. За филмскотот бегството на Беким Мемети сѐ уште трае истрага против еден командир и тројца затворски полицајци. Освен дека му помогнале да избега тројца од нив се под лупа и за примање поткуп.

Мемети е сѐ уште недостапен и на врвот на листата за потраги на МВР. Тој избега од затворското комбе среде ноќ на пат кон болница. Неодамна јавноста дозна дека во најголемиот затвор се подготвувало уште едно поголемо филмско бегство, но тунелот кој го копале со месеци и низ кој требало да дојдат до светлината беше откриен на 32 метри до слободата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе