Вести Македонија

Се повеќе граѓани гледаат пријател во Србија, во пад САД, ЕУ и Германија

Србија продолжува да биде најголем пријател на Македонија е перцепцијата на граѓаните, искажана во истражувањето на јавното мислење на Преспа институт спроведено телефонски во периодот април-мај на репрезентативен примерок од 1001 испитаник, со дополнителни анкетирани лица од 20 до 35 години.

Интересно е што на второ место, според процентите, се граѓаните кои сметаат дека ниту една земја не и пријател на Македонија, со 10,3 проценти, а на трето место, со 9 проценти, најголем пријател гледаат во Косово.

Најважен критериум за нашите граѓани за тоа, кој е пријател или не, се споделуваните интереси и вредности, но не дој тој степен демократскиот придонес или економијата соработката што ја имаме со таа земја, информираше Ивана Јордановска, истражувач која работи на податоците од анкетата.

Вредности по кои граѓаните гледаат пријател во друга држава на прво место е културата, на второ е религијата, потоа традицијата, па следат економскиот развој, геополитиката, јазикот, идентитетот, па членството во ЕУ. Скокот од 30 проценти за две години на пријателство од Србија се должи на перцепцијата на пост-ковид мерките, економската криза и решавањето на црковното прашање.

САД се на пето место со 6,8 проценти, но со пад од 10 проценти од лани, додека како пријател на седмо место е Европската Унија со 5,1 процент, но со пад од 11 проценти за две години. Русија како пријател ја гледаат 1,1 проценти од испитаниците, ист процент има и НАТО, додека на последно место се Кина и Бугарија со 0,2 проценти кои ги сметаат за пријатели на земјава. Анкетата покажува и голем пад на пријателството од Германија, поточно од 12,4 во 2020, денес како пријател во Германија гледаат само на 1,5 проценти.

Сликата е поинаква на одговорите за тоа која земја најмногу придонела за демократскиот развој на Македонија.

Број еден се САД со 24,2%. На следно место е ЕУ со 22,8%, на трето место е Србија со 14,7 проценти. Во поглед на тоа кој има најмногу продонесено за економскиот развој на Северна Македонија, најпрепознатливи се ЕУ со 21,2 проценти, потоа на следно место е Србија со 15,9 проценти и на трето место се САД, информираше Јордановска.

Дури 13,9 проценти пак смета дека ниту една земја не придонела за демократскиот развој на земјава.

Истражувањето покажало дека утре да има рефердум за членство во ЕУ „за“ би гласале 61 процент, а 30 би биле против. 34 проценти се изјасниле дека треба да се бара друга алтернатива на Унијата.

За уставните измени би гласале 32 отсто од испитаниците, додека против се изјасниле 45. За вметнување на Бугарите во Уставот се 12,9, додека против внесување на Хрватите се 0,1 проценти.

Истражувањето ги опфатило и моделите на информирање и справувањето со стекнатите информации. Па така 48 проценти од граѓаните се информираат од телевизиите, 23 проценти од социјалните мрежи, а 18,5 од порталите. Испитаниците одговориле и дека би кликнале т.е. отвориле на интернет позитивна вест за Русија или за ЕУ, како и негативна за ЕУ, но би поверувале само во негативната вест за ЕУ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе