Вести Свет Топ вести

Кој води на претседателски избори во Турција –дали Хабертурк избрза со најавата за убедлива победа на Ердоган?

Убедливо водство на Ердоган пред Кличдароглу, покажуваат првичните неофицијални резултати од денешните избори во Турција.

Според телевизијата, Хабертурк, Ердоган има водство во однос на главниот ривал, Кемал Кличдароглу.

Првично, по објавување на само 9% од гласовите, Ердоган имаше предност од речиси 25% во однос на Кличдароглу, но со секоја минута оваа предност се намалува, како се зголемуваше процентот на преброени гласови и сега веќе изнесува помалку од 12%.

Од опозиционата коалиција која застана зад Кличдароглу, оценуваат дека нивните првични информации се причина за оптимизам, предупредувајќи ги гласачите да не ги третираат овие засега објавени резултати како сигурни и проверени.

Се додава дека станува збор за гласови кои во најголем дел се од руралните упоришта на Ердоган.

Најзначајни избори во современата историја на Турција – ќе успее ли Кличдароглу да го собори од власт Ердоган?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе