Вести Македонија

Вработените од Државниот испитен центар на средба со Битиќи за барањето за покачување на платите

Вработените од Државниот испитен центар се на средба во Влада со вицепремиерот Битиќи. На средбата се преговара за покачување на платите на вработените во ДИЦ. Средношколците се надеваат дека средбата ќе заврши успешно и матурата ќе може навремено да ја полагаат и нема да ги испуштат првите рокови за упис на универзитет.

Министерот за образование Шаќири во текот на вчерашниот ден изјави дека државна матура мора да има и тоа во предвидениот рок. Нагласи дека првиот испит ќе се полага на 27-ми, а ако е потребно за тоа ќе се вклучат и вработените од Министерството за образование и наука.

Штрајкот на вработените во ДИЦ трае повеќе од две недели бидејќи половина од вработените земале минимална плата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе