Вести Македонија Топ вести

„Огнените“ ќе бидат разрешени од партиските функции, но не и исклучени од ДУИ за да не се факторизирале незадоволните

Членовите на „огнената група“ во ДУИ утре нема да бидат исклучени од партијата, туку разрешени од партиските функции, говорат информациите на „Телма“. Исклучувањето од партијата би придонело за поголемо факторизирање на незадоволните зад кои и сега стои голем дел од партиското членство, затоа и засега ќе им бидат одземени само партиските позиции.

На седницата на Централното претседателство, што ќе се одржи во седиштето во Мала Речица, ќе се зборува за наводните прекршувања на партискиот статут од страна на овие лица, утврдени од Надзорниот одбор. Одборот вчера се состана во отсуство на двајцата членови од оваа група,од кои едниот, Муса Џафери, е и претседател.

Со седницата претседавал Али Ахмети, кој од овој партиски орган бил информиран за статутарните прекршоци што ги направиле од  „Огнената група“. Врз основа на овие заклучоци, Ахмети ќе го почне процесот за разрешување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе